Исхрана - FitByBubalo

Добредојде во делот со исхраната

На платформата ќе најдете огромен број на идеи за оброци кои редовно се надополнуваат со нови. 90% од нив се избалансирани во сооднос на 30% протеини, 30% масти и 40% јаглехидрати.

Персонализирано за тебе

Што треба да знаеш?

Класична балансирана исхрана која е безбедна, која задоволува микро и макронутритивност, ве држи сити и ви дозволува да имате голем избор на намирници во исхраната, не ве ограничува премногу, а полека но сигурно ги постигнувате саканите цели. Безбедна за секоја генерација и исхрана со која треба да го промените односот со храната на долг рок, а не да имате брзи резултати кои скоро секогаш имаат јојо ефект и се причина за нарушување на целокупното здравје.

Не може сите да јадеме иста количина на храна, ниту пак јадеме сите во ист период од денот. Сите сме со различни потреби во зависност од возраст, пол, стил на живот, вид на работа, физичка активност и многу други фактори. Може да користиме сите исти идеи за оброци но не може да јадеме исто.

Подолу можете да видите пример оброци и во која форма може да ги најдете на платформата доколку се претплатите.

Препорачано од Елена Бубало

Протеински благи палачинки

Калории

535

Протеин

43гр.

Јаглехидрати

55гр.

Масти

19гр.

Состојки

  • 2 дози протеин (4 дози шејк плус 2 белки)
  • 1 јајце
  • 2 белки
  • 1 лажичка како (опционално)
  • 1 банана
  • 2/3 cup овесно брашно
  • 2 лажици путер од кикирики
  • свежо или замрзнато црвено овошје за освежување и вкус
  • 1 лажичка пециво

Perfectly Balanced Wrap

Калории

537

Протеин

35гр.

Јаглехидрати

51гр.

Масти

19гр.

Состојки

  • 1 интегрална тортиља
  • 30 грама намаз од хумус
  • зелена салата
  • 100 грама грчки јогурт 0% масленост
  • 1 цело и 2 белки од јајца подготвени по избор

Протеинска Паста

Калории

461

Протеин

35гр.

Јаглехидрати

49гр.

Масти

15гр.

Состојки

  • 50 гр интегрална паста мерена пред варење
  • печурки
  • спанаќ
  • 100 гр cottage или грчки јогурт
  • 50 гр протеински кашкавал
  • 1 мало лажиче маслиново масло

Нашата цел не е да ви дадеме meal plan кој ќе има строго одредени оброци во одреден број на денови кои сериозно многу ве лимитираат и демотивираат, туку да ве научиме која е суштината на исхраната па преку одреден систем и алатки за планирање правилно да ги комбинирате оброците и да научите што најмногу ви одговара на вашето тело и ум.